ФОТО | НАСА ОБЈАВИ САТЕЛИТСКИ СНИМКИ – Појасот Газа е во целосен мрак: Еве како изгледаше пред пет дена, а како изгледа денес

Израел денеска соопшти дека нема да пушти хуманитарна помош за време на опсадата на Појасот Газа додека Хамас не ги ослободи сите израелски заложници, откако Црвениот крст побара да дозволи транспорт на гориво во Појасот Газа за преполните болници да не се претворат во мртовечници.

Израел вети дека ќе го уништи движењето Хамас кое владее со Појасот Газа како одмазда за најсмртоносниот напад врз Евреите од холокаустот, кога стотици вооружени мажи ја преминаа границата, убивајќи најмалку 1.300 луѓе, главно цивили, и зедоа десетици заложници.

Израел одговори со ставање на енклавата, дом на 2,3 милиони луѓе, под целосна опсада и го започна најмоќното бомбардирање во 75-годишната историја на израелско-палестинскиот конфликт, уништувајќи цели населби. Единствената централа е во прекин, а на болниците им снемува гориво за генератори за итни случаи.

Сателитските фотографии објавени од НАСА покажуваат дека Појасот Газа бил осветлена на 6. октомври, за да биде потоната во темнина по нападот на Хамас. Видеото на кое се гледа Појасот Газа во темнина е снимено на 11. октомври.