ФОТО | ‘Најомразената’ манекенка во светот повторно засрамена од својот ‘проблематичен’ сопруг: Таа никогаш не изгледала поелегантно во мини фустан, а тој на вечерата пристигнал во влечки !?

Хејли и Џастин Бибер забележани во досега никогаш „полоша“ комбинација…

Познатата млада брачна двојка, манекенката Хејли Бибер и пејачот Џастин Бибер, неодамна биле забележани од папарацо-новинарите како влегуваат во познат италијански ресторан во населбата Санта Моника во Лос Анџелес Калифорнија – инаку омилена локација на многу холивудски ѕвезди.

И како што обично се случува кога станува збор за излегување на вечера, гостите да се облечат формално и соодветно за пригодата, изгледа дека пејачот не се грижи каков впечаток остава кај другите, но и кај својата поубава половина. Додека Хејли се одлучила за „мал црн фустан“, прилично краток и со гол грб, популарниот Џастин Бибер одењето во ресторан го доживеал како одење во трпезарија, пишуваат светските магазини.

Пејачот носел широки бели панталони, светло обоен џемпер, а преку него преголема бунда. И сето би било сосема во ред, доколку пејачот не направил грешка во изборот на чевлите и деталите. Наместо со патики, Џастин Бибер пристигнал во ресторанот во влечки. Буквално! Извесно време на главата пејачот носел капа завртена наопаку, која ја искомбинирал со црните очила. Сепак, на Хејли изгледа воопшто не и пречело ова, па дури и цело време се смешкала пред папараците, додека Џастин бил со видно сериозен израз на лицето.

Инаку, да потсетиме, Хејли Бибер своевремено ја доби „титулата“ за најомразена личност на Интернет откако ја исмејуваше поранешната девојка на нејзиниот сегашен сопруг – Селена Гомез, поради симптомите на болеста со која се бори многу години.

Погледнете во галеријата овде како изгледале Хејли и Џастин.

Погледнете во галеријата овде како изгледале Хејли и Џастин.