ФОТО | НАЈУБАВАТА ЖЕНА ВО СВЕТОТ ИМА ДВОЈНИЧКА – Обожавателите се радуваат за ‘кам-бекот’ на Бела Хадид, но всушност тоа не е таа !?

Манекенката која се прошета на пистата за време на ревијата на брендот „Diesel“ за пролет 2024 година во Милано во средата предизвика голема врева бидејќи многумина ја помешаа со познатата манекенка Бела Хадид, благодарение на нејзиниот впечатлив изглед.

Откако манекенката се појави во црн градник и речиси идентично здолниште со низок струк, обожавателите на познатата манекенка останаа збунети на социјалните мрежи. Сепак, двојничката не беше Бела Хадид, туку Далтон Дубоа од Лондон, чиј профил на социјалната мрежа Инстаграм веќе беше преплавен со коментари кои ја споредуваа со моделот неколку недели пред ревијата.

Не беше Бела Хадид која го затвори шоуто на Diesel, туку Далтон Дубоа“, коментираше еден корисник на социјалната мрежа X (Твитер). 

слика
Далтон Дубоа

„Дали ја видовте реакцијата од толпата која мислеше дека Бела Хадид се врати на модната писта синоќа за време на шоуто на ‘Diesel‘, а тоа не беше таа…“, коментира друг корисник под фотографиите.

Сепак, не секој ги смета за неверојатно слични.