ФОТО | На Интернет се појави речиси досега невидена фотографија од Тоше Проески – Македонија, но и Балканот се уште тагуваат по нашиот ангел: Погледнете како изгледал тој како дете!

Тоше Проески беше еден од најголемите изведувачи на забавна музика не само во Македонија туку и целиот регион. 

Тоше Проески не напушти прерано, тој во октомври 2007 година како последица на сообраќајна несреќа трагично го загуби животот.

Речиси на сите ни е познато дека Тоше уште како мал знаел дека ќе се занимава со музика, а на социјалната мрежа Инстаграм деновиве се појави фотографија на која гледаме едно насмеано момче, односно ангелското лице на нашиот Тоше Проески.

Под фотографијата веднаш се насобраа голем број на коментари од многубројните обожаватели, кои биле воодушевени поради ретката фотографија која беше споделена со јавноста.

Погледнете ја фотографијата од Тоше Проески ОВДЕ.

Ангелу наш!“, „Те сакам…“, „Зошто не напушти“, „Се уште ги слушам твоите убави песни!“, се само дел од коментарите оставени под објавата која за кратко време ги освои срцата на неговите обожаватели.