ФОТО | Невиден хорор за време на лет на позната авио-компанија – патник забележал црвена дамка пред седиштето, а потоа го доживеал најголемиот кошмар во животот, погледнете!
Патник на лет од Париз до Торонто се згрозил кога ги пронашол своите работи на тепихот натопен со крв!
Новинарот Хабиб Батах на социјалните мрежи го опиша грозоморниот момент кога сфатил дека неговите работи се измачкани со крвта на еден од патниците од претходниот лет на компанијата Air France.
„Сум видел многу во мојот живот, но тепихот натопен со крв на мојот лет е на друго ниво. Еден час по полетувањето постојано чувствував нешто одвратно и не можев да сфатам што е тоа“, напиша Хабиб Батах во објава на социјалната мрежа Твитер.
Тој вели дека забележал „голема црвена дамка“ во близина на неговото седиште кога погледнал надолу.
„Беше влажно на допир. Стјуардесата ги крена рамениците и ми подаде марамчиња. На мојот лош француски јазик и реков дека ми мириса на одвртно нешто. Марамчињата беа крваво црвени. Искористив неколку десетици“, вели Хабиб Батах.
Тој додава дека забележал и дека ранецот му е натопен со крв.
„Клекнав и чистев половина час“, напишал тој во објавата, додавајќи дека екипажот му дал ракавици и дополнителни марамчиња за да ја избрише крвта од работите.
Тој наведува дека од персоналот дознал дека еден патник на летот пред неговиот крварел. Тој објави неколку фотографии и видеа за да го документира инцидентот.
„Овде се обидувам да го исчистам својот багаж кој беше натопен во крв од тепихот. Персоналот беше шокиран бидејќи тврдеше дека екипажот за чистење ги отстранил седиштата по инцидентот со болниот патник, но очигледно не го исчистил подот“, објаснува Хабиб Батах.
Тој тврди дека една стјуардеса му спомнала дека претходниот патник имал „внатрешно крварење“ и се прашувал дали патниците на неговиот лет биле изложени на некоја болест.
Хабиб Батах напиша остра порака до Air France.
„Ова не е прашање за услуги на клиентите. Тоа е биоопасност. Во вашиот авион има свежа човечка крв. Можеби сте ме изложиле мене и другите патници на заразна болест. Треба што поскоро да дознаеме во каква состојба е тој болен патник“, заклучил тој во својата објава.