ВИДЕО | СПРЕЧЕН ГОЛЕМ АТЕНТАТ – ФСБ уапси човек за кој тврдат дека ќе го кренел во воздух автомобилот на еден од најблиските луѓе на Владимир Путин на Крим

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави дека спречила обид за атентат врз Сергеј Аксјонов, претседателот на проруската Влада на Крим, украинскиот полуостров анектиран од Русија во 2014 година.

Руските медиуми објавија дека ФСБ уапсила руски државјанин кој бил ангажиран и обучен од безбедносните служби на Украина да го убие Сергеј Аксјонов со кревање во воздух неговиот автомобил со експлозив.

Сергеј Аксјонов
Сергеј Аксјонов

РИА Новости пренесува дека станува збор за руски државјанин роден 1988 година, кој во Украина се обучил за ракување со мини и експлозиви.

ФСБ објави видео од апсењето, на кое се гледаат припадници на службата за безбедност како го следат осомничениот, а набрзо откако ја земале експлозивната направа, го совладале и го приведуваат.