ФОТО | НЕКОГАШ СЕКС БОМБА, А ДЕНЕС БЕЗДОМНИЧКА – Позната Холивудска ѕвезда е забележана на улица во лоша состојба и со модринки на лицето

Лони Вилисон беше позната како холивудска убавица, а сега поранешната манекенка е фотографирана во многу лоша состојба на улиците на Лос Анџелес.

Поранешната сопруга на ѕвездата на „Baywatch“, Џереми Џексон, беше една од најпосакуваните жени во Холивуд, а денес живее како бездомник. Често може да се види како влече работи низ улиците на Лос Анџелес во стара количка, како спие на патот покриена со стари партали, како јаде остатоци од контејнерите за да се прехрани, а овој пат таа е забележана без заби и со мрсно лице.

слика
Лони Вилисон

Лони Вилисон некогаш беше успешен модел на костими за капење и спортска облека, но работите тргнаа надолу кога се омажи за Џереми Џексон во 2012 година.

Две години подоцна, полицијата морала да интервенира во нивниот дом, наводно поради семејно насилство. Таа тогаш изјавила дека тој во напад на бес ја удрил и давел и притоа и скршил две ребра, но Лони Вилисон не поднела тужба против нејзиниот сопруг. Веднаш потоа раскинале, а за Daily Mail изјавила дека и биле потребни повеќе од два месеци да се опорави од се.

слика
Лони Вилисон

По раскинувањето почнала да се бори со психички проблеми и доживеала нервен слом. Поради ова, таа не можела да работи и имала финансиски тешкотии, а потоа во 2016 година била иселена од нејзиниот стан во Западен Холивуд и оттогаш е бездомничка.

Постојано ме ограбуваат. Луѓето ми ги крадат работите. Затоа се трудам постојано да бидам многу валкана за да не ме нападнат. Колку сум повалкана, толку подобро. Исто така си ја скратив косата за да изгледам поинаку, сама ја потстрижав. Но сепак ме нападнаа“, изјави таа во интервју за Daily Mail.

Во интервју за The Sun во 2019 година, таа кажала дека „добро и оди“ и дека со години не била во контакт со поранешниот сопруг, а таа исто така не е во контакт со своите пријатели.

Добро ми оди, не сакам никој да ми помогне“, нагласила тогаш таа.