ФОТО | Нема простор за шеги со Шакира – латино-дивата повторно провоцира: Со решителна модна комбинација испрати моќна порака, но дали до Жерар Пике или некој друг !?
Колумбиската поп пејачка Шакира (46 г.) воодушеви многумина на модната недела во Париз во решителна модна комбинација, за која многумина шпекулираа дека е уште една од нејзините пораки до нејзиниот поранешен партнер Жерар Пике (36 г.).
Пејачката на ревијата на Viktor & Rolf носеше бел мантил со голем тродимензионален натпис „Не“ („NO“). Впечатливиот капут украсен со златни детали го искомбинирала со златни потпетици и големи очила за сонце.
Таа на модната ревија седела со пејачката Камила Кабело (26 г.), која носела препознатлив црн фустан.
„Со години не била на ваков настан, изгледа конечно се ослободи од тој маж“, „Ова е нешто што би го облекла за да ги потпише документите за развод со Жерар Пике“, ова се само дел од разните коментари на социјалните мрежи за оваа необична модна комбинација на Шакира.
Додека многумина модниот избор го поврзуваа со поранешниот шпански фудбалер, од која пејачката раскина по аферата со младата Клара Чиа Марти, неколкумина мислеа дека натписот на палтото на Шакира всушност е одговор на гласините за нова љубов меѓу неа и Формула 1 возачот Луис Хамилтон (38 г.).