ФОТО | НЕМА ШТО НЕМА – Не се знае што е поскапо – Еве што јаделе Ким Џонг Ун и Владимир Путин за време на вечерата: Погледнете го овој луксуз!
Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, пристигна во Русија за да го посети претседателот Владимир Путин.
Ким Џонг Ун наводно преговара со Владимир Путин за снабдување на Русија со оружје потребно за војната во Украина. По средбите и прошетката, на агендата било време за свечена вечера, на која Ким Џонг Ун, познат како голем гурман, веројатно со нетрпение ја очекувал.
На гостите им биле послужени традиционални руски јадења, како и специјалитети од Далечниот Исток, јавуваат руските медиуми. Тие пишуваат дека Владимир Путин одржал здравица во чест на лидерот на Северна Кореја.
„Би сакал да наздравам за натамошното зајакнување на пријателството и соработката меѓу нашите земји, меѓу Руската Федерација и Демократска Народна Република Кореја, за благосостојбата и просперитетот на нашите народи, за здравјето на претседателот и на сите присутни“, порачал Владимир Путин.
Владимир Путин тогаш кажал стара руска поговорка:
„Подобар е стар пријател од двајца нови пријатели“.
Руските медиуми открија што имало на менито за време на вечерата. На гостите им било послужен борш, салата од патки со смокви, салата од рак, есетра со печурки и компири, кнедли од лова, бакалар, говедско месо, супа од риба…