ФОТО | НЕСОВЕСНИ ГРАЃАНИ – Предизвикале пожар во Рибарци откако биле запалени корења од домати

Несовесни тиквешани предизвикале пожар во Рибарци откако биле запалени корења од домати, оваа информација попладнево ја потврдија од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци, напоменувајќи дека пожарникарите интервенирале на терен и пожарот бил ставен под контрола. Случајот бил пријавен во МВР.

– Активен е пожарот во росоманското село Рибарци, кој е под контрола. Пожарот првично е намерно запален за да изгорат корења од патлиџани, но излегува од контрола, појаснија од противпожарната служба.

Оттаму апелираа во изјава за МИА, на совесност и внимателност кај населението од Тиквешијата, особено при високи летни температури.