ФОТО | Новак Ѓоковиќ падна во втор план поради оваа згодна русокоса: Тенисот за момент стана небитен кога девојката на Тејлор Фриц се појави на трибините во минијатурен фустан

Србинот Новак Ѓоковиќ продолжи да маршира кон титулата на УС Опен.

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња рутински го совлада Тејлор Фриц со 3:0 во сетови (6:1, 6:4, 6:4), се пласираше во полуфиналето, каде што ќе го чека уште еден Американец, Бен Шелтон.

Додека Новак Ѓоковиќ и Тејлор Фриц се бореа за победа на теренот, публиката на трибините гледаше само во една личност. Морган Ридл, девојката на американскиот тенисер, се појави во ложата на Тејлор Фриц во провокативен и прекраток фустан и целосно ги засени сите присутни.

Морган Ридл
Морган Ридл

Барби од светот на тенисот“ како што многумина ја нарекуваат, е многу популарна на социјалните мрежи, а на социјалната мрежа Инстаграм има 191 илјада следбеници. Сепак, таа вчера мораше да го напушти централниот терен на УС Опен без насмевка на лицето, а за тоа се погрижи Новак Ѓоковиќ кој ја демонстрираше својата сила и убедливо го победи нејзиниот избраник Тејлор Фриц.