ФОТО | Новак Ѓоковиќ ја прегрна легендата на ‘Сан Сиро’ и јасно стави дознаење за кого навива – социјалните мрежи во ‘транс’!

На првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Милан и Интер на „Сан Сиро“ присуствуваа голем број познати имиња, меѓу кои и еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер не криеше за кого навива во самиот вовед во натпреварот, а заедничката фотографија од него и Златан Ибрахимовиќ го обиколи светот, но тоа и не треба да изненадува со оглед на тоа дека дуото е во пријателска врска многу години.

Уште порано Новак Ѓоковиќ во едно интервју откри дека е голем навивач на Милан.

Јас сум голем навивач на Милан и секогаш ќе бидам. Фудбалот за мене е првиот спорт после тенисот. Татко ми беше професионален фудбалер и дома секогаш со голем интерес ги следевме натпреварите на ‘росонерите‘“, изјави еднаш Новак Ѓоковиќ.

Покрај српскиот тенисер, место на трибините на „Сан Сиро“ се најде и легендарниот украински фудбалер и поранешен играч на МиланАндриј Шевченко. Секако, таму беше и поранешниот стопер и денешен технички директор Паоло Малдини, како и неговиот соиграч од славните денови Алесандро Неста.

Самуел Ето, Кларенс Сидорф, Рио Фердинанд беа меѓу познатите фудбалски фаци кои го следеа италјанското дерби од трибините…