ФОТО | Обожавателите не веруваат што гледаат од “голата“ Бјанка Ценсори: Канје Вест најави дека неговата сопруга оваа година ќе носи помалку облека, а таа се појави закопчана до нејзиниот врат !?

Обожавателите не можат да поверуваат, сопругата на Канје Вест, контроверзната Бјанка Ценсори прошетала по улиците на Лос Анџелес целосно облечена! На повидок немала ништо проѕирно, а овој пат 29-годишната девојка се одлучила за широк кожен капут и црна бунда, а стајлингот го комплетирала со црни штикли.

слика
Канје Вест и Бјанка Ценсори

Иако контроверзниот рапер неодамна изјави дека неговата сопруга, Бјанка Ценсори, во 2024 година ќе носи уште помалку облека од претходно, тоа се уште не се оствари. Но, Канје Вест деновиве има други проблеми бидејќи беше обвинет дека нападнал човек кој сакал да му побара автограм пред познат ресторан, а целиот случај завршил на суд. Станува збор за инцидент кој се случил далечната 2022 година.

46-годишниот рапер тогаш наводно му се заканил дека ќе го истепа, кога обожавателот го спомнал неговиот развод со Ким Кардашијан, а потоа го удрил човекот. Нападнатиот маж наводно барал извинување, а Канје Вест дрско одговорил: „Извинување за што ?

Потоа, музичарот наводно го удрил уште неколку пати и притоа „тешко го повредил“. Некој потоа го замолил да престане да го удира човекот. Човекот кој му побарал автограм тврди дека е жртва на напад и злоупотреба и дека претрпел емоционална вознемиреност и сега го тужи Канје Вест за отштета.

Канје Вест подоцна изјавил дека се нашол пред ресторанот во три часот наутро, кога наводно бил испровоциран од човек кој го следел за автограми во последните неколку дена.

Канје Вест тврди дека човекот што го удрил не бил негов обожавател, туку некој што се обидувал да заработи продавајќи автограми што ги добил од раперот.