ФОТО | ОБОЖАВАТЕЛИТЕ “ПОЛУДЕА“ ОД ЖЕШКАТА СЕКС СЦЕНА – Тој е познат по тоа што е еден од ‘најнадарените’ во Холивуд, а сега Џенифер Анистон се најде под чаршафи со него

Омилената холивудска актерка на многумина, Џенифер Анистон, реши целосно да се соблече за жешка секс сцена во „The Morning Show“. 54-годишната актерка направи жешки кадри со нејзиниот 52-годишен колега Џон Хам во драмата што се емитува на Apple TV.

Во сцената, Џенифер Анистон, која глуми ТВ водителка по име Алекс, го интервјуира милијардерот Пол Маркс (Џон Хам) во неговата палата во Хемптон. По интервјуто, дуото завршило под чаршафите.

слика
Џенифер Анистон и Џон Хам во „The Morning Show

На Џон Хам не му беше тешко, со оглед на тоа што има големо искуство во слични сцени, особено откако го играше женкарот Дон Дрејпер во популарната серија „Mad Men“. Инаку, Џон Хам привлече големо внимание во јавноста пред околу 10 години поради својот талент. Тој неодамна се појави во шоуто на Хауард Стерн, каде што 68-годишниот водител му читаше наслови од познати магазини од 2013 година во кои се вели дека на Џон Хам учтиво му било наложено од персоналот на АМЦ да носи долна облека додека го снимал „Mad Men“ бидејќи неговата импресивна анатомијата била премногу „примамлива“ за да се работи на серијата. Добитникот на повеќе награди потоа конечно се осврнал на гласините дека претпочита да шета низ светот без долна облека, дури и една деценија откако неговите фотографии на кои шета по авенијата Медисон додека ја „покажува својата гордост“ станаа вирални.

И на актерката не и е непознато соблекувањето за време на снимањето. Во финалето на втората сезона од серијата, таа сними сцена во туш во која нејзиниот лик се распадна поради борбата со вирусот Ковид-19 и проблемите на работа. Сите овие емоции влијаеле на самата Џенифер Анистон.

Оваа улога ми дојде токму во вистинско време. Тоа е една од најтешките работи што сум ги имала. Знаев дека сум на висина на задачата, но потоа имаше израз на сите овие емоции да создадам свет за оваа жена – нејзиниот живот се распаѓаше. Ќе направив некои од тие сцени и ќе се чувствував како некој да ми симнал товар од грбот“, рекла еднаш актерката.

слика
Џенифер Анистон и Џон Хам во „The Morning Show

Но, нејзините обожаватели се согласуваат дека телото на Џенифер Анистон изгледа исто толку неверојатно како и пред неколку децении. Џенифер Анистон за првпат се соблече во филмот „The Break Up“ во 2006 година, каде глумеше со Винс Вон.

Добрата линија може да се припише на вежбање и здрав начин на живот. 

Пијам многу вода, вежбам секојдневно, се трудам да јадам здрава и свежа храна и спијам колку што можам повеќе“, изјави таа неодамна.

Познато е и дека таа е љубител на боксот и дека може да заврши еден час тренинг за само 20 минути. 

Можам да вежбам 20 минути исто како и да тренирам еден час ефикасно“, изјави таа во јуни за спиаснието Women’s Health и додаде: „Не само што го стресувате вашето тело, туку и го изгорувате. Кој го сака тоа, сепак ?