ФОТО | Објавена целосно гола фотографија од старлетата која се фотографираше со Стево Пендаровски: “Ова е кривично дело!“
Хрватската манекенка, пејачка и писателка, но според многумина само старлета, Нивес Целзијус (41 г.), во вторникот откри дека на социјалните мрежи и веројатно на други комуникациски платформи кружат лажни фотографии на кои таа е гола.
„Можеме да се пошегуваме и да забележиме дека фотошоп мајсторот малку брзал и заборавил да ја не ја прекрие тетоважата. Но, нема да се шегуваме затоа што ова е DEEPFAKE е кривично дело!“, тврди Нивес Целзијус која ја објави контроверзната фотографија на нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм.
Нивес Целзијус не кажа дали презела некакви чекори за да се пронајде „мајсторот на фотошоп“ кој е автор на наводно лажната фотографија.
Тетоважата што ја спомна Нивес Целзијус е најверојатно тетоважата „Propiedad de Dino“ што ја направила пред најмалку 13 години и која гордо ја прикажувала додека ја промовирала својата книга „Гола вистина“.