ИГРА НА ТРОНОВИ – Позицијата на Владимир Путин е разнишана: “Неговото отстранувањето сега може да биде многу опасно!“

Надворешно-политичкиот аналитичар Денис Авдагиќ од емисијата Newsnight на хрватската телевизија N1 ги анализираше пораките од Самитот на НАТО, но и ситуацијата во Русија и позицијата на рускиот претседател Владимир Путин по неуспешниот бунт на групата Вагнер, пишува N1.

Се чини дека Украина никогаш не сакала членство во НАТО, а Денис Авдагиќ се осврна на стилот на комуникација на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Володимир Зеленски го нема тој стил на комуникација каде што вели ‘благодарам’, туку наместо тоа вели ‘ни требате, бидете со нас‘“, вели аналитичарот.

Денис Авдагиќ наведува дека Украинците покажале исклучителен отпор, но дека не би можеле да преживеат без помошта од Западот.

Тој се осврна и на пресвртот од страна на претседателот на ТурцијаРеџеп Таип Ердоган, кој даде зелено светло за прием на Шведска во НАТО.

Добра вест е што Самитот на НАТО ќе добие медиумски простор. Го очекував тоа… Реџеп Таип Ердоган во основа е западен играч, но апсолутно е сигурно дека максимално ќе ја искористи секоја ваква прилика. Некои рекоа дека многу се извлекол, добил F-16. Чекај, тој не доби, тој им наплати. Тоа не е подарок“, вели аналитичарот.

Тој се осврна и на бунтот на Евгениј Пригожин кон Москва, наведувајќи дека тоа е сосема бизарна ситуација. Тој коментираше и дали позицијата на Владимир Путин сега е разнишана.

Апсолутно, тоа веќе воопшто не е спорно. Мислам дека се разниша по две недели од почетокот на војната дека не се постигна очекуваното, потоа почна колебањето, кое се повеќе се тресе. Со целиот тој елитен систем таму, главната работа е да се одржи“, вели овој хрватски аналитичар.

Соборувајќи го Владимир Путин во овој момент, дури и кога гледате од Загреб, можете да заклучите дека тоа би било опасно. ‘Game of Thrones’ (‘Игра на тронови’) после тоа… Мислам дека цел Запад во некои моменти би бил загрижен“, истакнува тој, пишува N1.