На монструмот од Рипањ одреден му е притвор! Еве за што е обвинет Стојан Илиќ

Вишиот суд во Белград му одреди притвор до 30 дена на Стојан И.(37), осомничен дека на 10 април во Рипањ на свиреп и подмолен начин убил 16-годишно девојче, а потоа се обидел да убие тројца членови на нејзиното семејство.

Нему му е одредена мерка притвор за да не го повтори делото и поради вознемиреност во јавноста.

Според наредбата за истрага, осомничениот се товари за сторени кривични дела тешко убиство и тешко убиство во обид, соопшти претходно Вишото јавно обвинителство во Белград.

На рочиштето во обвинителството, осомничениот ги призна делата за кои се товари и детално ја изнесе својата одбрана.

Да потсетиме, Стојан И.(38), монструмот кој е осомничен дека ја убил својата 16-годишна сосетка во белградската населба Рипањ, а потоа ранил три члена од нејзиното семејство, според приказните на неговите роднини, претходно најавил дека ќе го изврши делото.