,,Путин мора да оди до крај!” Шешељ објасни зошто Русија мора да ја „ослободи цела Украина“ (ВИДЕО)

Претседателот на СРС, Воислав Шешељ, рече дека очекува руската специјална операција во Украина мора да се изврши побрзо.

– Русите се трудат што повеќе да го зачуваат цивилното население и нивните борци, а Украинците воопшто не размислуваат за цивилното население. За Украинците нивните војници се само топовско месо и никому не му е гајле колку нивни војници гинат таму – изјави Шешељ за ТВ Прва.

Радикалниот лидер вели дека Русија мора да оди до крај додека не ја „ослободи цела Украина“.

– Ако остават само еден дел од Украина под доминација на Западот, тоа ќе биде нов мост за идни напади врз Русија – изјави Шешељ.