Трагедија во Бундеслигата: Навивач почина на натпревар

Трагедијата се случи на натпреварот во германското првенство меѓу Шалке и Баер Леверкузен (0:3).

Како што пренесуваат германските медиуми, на еден навивач му се слошило на трибините во последните минути од играта.

На трибините пристигнала брза помош за да му помогне на навивачот, но тој сепак починал.

Германските медиуми пишуваат дека сè се случило зад голот на голманот на Баер, Лукас Храдецки.

Лекарите на стадионот се обиделе да го реанимираат навивачот, но безуспешно. Се додава дека во тие моменти навивањето престанало на трибините, дека навивачите на двата тима прекинале да пеат и да ги бодрат играчите.