Необична оптичка илузија кружи на социјалните мрежи. Дали гледате автомобил или плажа на сликата? (ВИДЕО)

Неодамна низ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ кружи малку бизарна оптичка илузија и луѓето дебатираат дали се работи за плажа или за автомобилски раб.

На прв поглед, изгледа дека може да биде слика на плажа и некоја гадна бура што се подготвува во позадина, но ако погледнете внимателно, може да забележите и дека тоа е ‘рѓосаниот раб на каросеријата на автомобилот и земјата одоздола.

Сликата се појави пред неколку години, но сега повторно кружи на социјалните мрежи. Претходно беше објавено на Твитер, а потоа и на ТикТок, каде што се чини дека еден тиктокер еднаш засекогаш ја решил дилемата, наведувајќи дека тоа мора да е раб на зарѓан автомобил.

@hecticnick

Can anyone see what it REALLY is? 🤯#sugercrash #trick #fyp

♬ SugarCrash! – ElyOtto