Комбинацијата на овие два суплемента може да доведе до анемија

Земањето на правилни додатоци во исхраната може да има значително влијание врз нашето здравје, осигурувајќи дека нашето тело ги добива сите хранливи материи што му се потребни за нормално функционирање.

Сепак, секогаш е од клучно значење да се земат предвид ризиците. Додека некои додатоци можат да бидат ефективни, други можат да претставуваат ризик за нашето здравје. Покрај тоа, одредени комбинации на додатоци може да бидат опасни.

Диететичарот Крутика Нанавати предупреди на една таква потенцијално опасна комбинација на суплементи: калциум и железо.

Тој тврди дека комбинирањето на овие навидум безопасни додатоци во исхраната може да резултира со анемија.

„Комбинирањето на калциум и железо во форма на суплементи може да има штетни ефекти. Калциумот може да ја попречи апсорпцијата на железото, особено железото кое се наоѓа во храната и додатоците од растителна основа“, изјави таа за SheFinds.

Ако нашето тело не може правилно да го апсорбира железото, тоа може да резултира со недостаток, со што суплементите стануваат бескорисни. Тоа може да доведе и до бројни здравствени компликации. Нанавати вели дека ова „потенцијално може да резултира со анемија од дефицит на железо со текот на времето“.

„Анемијата може да доведе до голем број негативни ефекти, вклучувајќи замор, главоболки, па дури и проблеми со срцето. Покрај тоа, таа го оптоварува кардиоваскуларниот систем, влијае на снабдувањето со кислород до ткивата и го зголемува обемот на работа на срцето“, објаснува диететичарот.

Како и со сите други хранливи материи, секогаш е идеално да се внесуваат железо и калциум од исхраната. Некои опции се темнозелен лиснат зеленчук (кељ, спанаќ и брокула), мешунки, јаткасти плодови (бадеми, лешници) и риба како лосос.

Меѓутоа, ако сметаме дека суплементацијата е пресудна, важно е да се биде внимателен.

„Секогаш консултирајте се со лекар пред да започнете нов режим на додатоци. Дури и природните суплементи можат да имаат штетни ефекти кога се комбинираат или се земаат прекумерно“, заклучува Нанавати.