ФОТО | Објавени првите фотографии од Цеца и Футе – пејачката и аранжерот ја обновија соработката, а откриено е и на што работат

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и Александар Фута Радуловиќ ја обновија соработката, а ова е првпат по долго време тие повторно да се соберат за да се занимаваат со музика.

И додека јавноста будно следеше што ќе „создаде“ ова дуо во иднина, сега се појавија нивните први заеднички фотографии.

Повод за средбата беше новогодишна емисија, а Цеца и Фута ги здружиле силите за снимањето на дуетската песна „Ne računaj na mene“, која фолкерката ја објави со Маја Беровиќ.

Оваа песна најпрвин Цеца ја изведе со Мира Шкориќ, а каква беше атмосферата на споменатото снимање погледнете на фотографиите.