ФОТО | ОБЈАВЕНИ ФАСЦИНАНТНИ СНИМКИ – Погледнете како изгледа вулканската ерупција на Исланд од вселената

Вулканските ерупции во Исланд продолжуваат, но сега тие се нешто помалку интензивни, а намалена е и сеизмичката активност.

Исландските власти ги предупредија луѓето да не се приближуваат до вулканот поради опасност од отровни испарувања. Покрај тоа, земјата во геотермалната централа „Сварценги“ потона за пет сантиметри.

Властите исто така велат дека, за разлика од ерупцијата на Ејафјалајокул во 2010 година, не се очекуваат поголеми проблеми во воздушниот сообраќај бидејќи ерупцијата во Гелдингалир е различна и не испрати многу пепел во атмосферата.

Низ социјалните мрежи се проширија снимки од ерупциите на вулканот Гелдингалир, а некои од нив се снимени и со сателит и се навистина фасцинантни – погледнете:

слика
слика