ФОТО | Оваа девојка имала 317 килограми, а погледнете како изгледа по нејзината шок-трансформација! Сите мислеа дека ќе умре од дебелина но, таа го докажа спротивното!

Ѕвездата од „1000-Lb Sisters“ на TLC, Тами Слејтон претходната вечер објави селфи -фотографија на социјалната мрежа Инстаграм што ја откри нејзината неверојатна трансформација. 

Тами Слејтон тежела 317 килограми, а ослабела 136 килограми. Нејзината објава на социјалната мрежа предизвика многу позитивни коментари од следбениците.

Во последната епизода од споменатата емисија таа заминала во центар за рехабилитација за да ја достигне посакуваната тежина, неопходна за да се подложи на баријатриска операција.

Баријатриска хирургија се препорачува за луѓе кои имаат индекс на БМИ над 35 (жени) или 40 (мажи), што се смета за дебелина од трет степен. Се препорачува и за помалку дебели луѓе, со БМИ од 30 и повеќе, кога дебелината значително придонесува за ризиците од компликации од одредени кардиоваскуларни и ендокринолошки заболувања. 

Овој тип на операција е потенцијално решение за луѓето кои поради дебелината имаат здравствени проблеми со зглобовите на нозете, воспаление на жолчното кесе, замастен црн дроб, намалена плодност, атеросклероза, проблеми со ‘рбетот, нарушување на дишењето при спиење и психолошки проблеми.

По операцијата, може да се изгуби два до седум килограми месечно. Тами Слејтон била подложена на операција во 2022 година.

По овој хируршки зафат се намалува притисокот на зглобовите и стапалата, се олеснува дишењето и движењето, се стабилизираат метаболичките функции, се намалува ризикот од срцев и мозочен удар и се подобрува состојбата со хроничните болести како дијабетес и хипертензија.

Баријатриска хирургија е поставување на специјален гастричен појас околу желудникот, кој го дели овој орган на два дела, така што храната стигнува до помалиот дел и чувството на ситост доаѓа побрзо.

Тами Слејтон изјавила дека повеќе не и е потребна кислородна поддршка и дека може да оди без помагало, пишува The Sun.

Изгледаш неверојатно, јас сум толку горда. Верувам дека не ти беше лесно. Но ти го направи тоа“, рекла Ванеса Крос, која исто така учествувала во шоуто на TLC, додека други коментирале под нејзината објава на Инстаграм: „Убава си, најдоброто е пред тебе“, „Ти си го спаси животот, мораше да направиш многу храбри избори, а јас ја направив истата операција“.

Погледнете ја неверојатната трансформација на Тами Слејтон ОВДЕ.