ФОТО | Оваа девојка платила 8.000€ за намалување на градите, а по девет месеци доживеала вистински шок – не можела да поверува што се случува со нејзиното тело: “Што да правам ?“

Бетани Лион е пејачка која имала екстремно големи гради и секогаш го носела најголемиот број на градник. Големината на нејзината бујна биста и била крајно заморна, ги мразела нејзините гради и цело време имала болки во грбот, а навистина и пречело што сите без престан гледале во неа.

Бетанија Лион
Бетани Лион

Поради оваа причина, таа се одлучила едноставно да оди на операција за намалување на градите, а за тоа задоволство платила околу 8.000 евра пред две години. Била многу среќна, носела градник со големина – C, но по неколку месеци забележала дека градникот и станува мал. Нејзините гради пораснале во првобитната големина само девет месеци по операцијата.

Фрустрирачки е, бев толку среќна по операцијата“, рекла Бетани Лион, која работи и како танчерка во Лос Анџелес и додала: „Операцијата беше многу скапа, платив околу 8.000 евра, а исто така беше многу болна. Се сеќавам дека плачев секој пат кога станував од кревет“.

Рекла и дека пред операцијата била предупредена дека е можно градите повторно да и пораснат, но дека тоа е проблем кој всушност ретко се случува.

Иако никој официјално не и кажал зошто нејзините гради повторно пораснале, таа верува дека можеби тоа е поради генетиката бидејќи многумина во нејзиното семејство, од двете страни, имаат големи гради.

Бетани Лион вели дека научила да живее со голема биста и конечно го прифатила своето тело какво што е, иако додава дека не е исклучено во одреден период од животот повторно да ги намали.