ФОТО | Оваа жена имала 270 килограми, а нејзиниот сопруг не и дозволувал да ослабе поради бизарен фетиш: Тој сакал таа уште повеќе да се здебели, а таа едвај избегала од него

Жената по име Џејлин Ватворт достигна тежина од 270 килограми. Луѓето кои се борат со дебелината имаат поддршка од семејството во таа борба и тоа е добро кога е така. Сепак, главната актерка на оваа приказна немала таква помош. Нејзиниот сопруг дури и забранил да слабее поради неговиот луд фетиш. Таа успеала да избега од неговите канџи и да се избори за своето здравје.

Приказната за Џејлин Ватворт беше прикажана во документарната серија на TLC – „My 600-lb Life’s“, сместена во Хјустон, Тексас. Ѝ помогнал познатиот д-р. Нау (чие полно име е Јунан Нозарадан). Ја ставил на диета ограничена со калории за да изгуби доволно тежина за операција на гастричен бајпас.

Џејлин Ватворт

Луѓето кои се борат со дебелината и нивните семејства одат кај гореспоменатиот доктор. Џејлин Ватворт била исклучок. Кога решила да се справи со вишокот килограми, нејзиниот сопруг бил голема пречка на нејзиниот пат.

Тој само сакал таа уште повеќе да се здебели поради неговиот фетиш за дебелите луѓе. Тој одбил да и помогне, па кога таа го прашала дали ќе и купи поздрава храна, тој не сакал да го направи тоа.

Благодарение на докторите, таа успеала да достигне тежина од 113 килограми. По операцијата за намалување на желудникот, таа имала операција за отстранување на вишокот кожа, а тој вишок изнесувал повеќе од 22 килограми.

Џејлин Ватворт

Џејлин Ватворт сакала да ослабе и за себе и за нејзината ќерка Хана. Успеала да ги задржи килограмите што ги добила, па дури и да најде нова љубов, Џек Лап, кој ја поддржува во се, пишува screenrant.com.