ФОТО | Оваа сцена ја опишува ситуацијата во Русија најдобро – погледнете на што овој новинар ‘налетал’ во Москва денес!

Во неделата речиси и да нема знаци на антитерористичка тревога што беше воведена во саботата откако Евгениј Пригожин започна бунт и се упати кон Москва. Обичните граѓани ја преплавија руската престолнина, а сончевиот ден ги привлече луѓето во кафулињата. Сообраќајот низ градот е нормализиран, а блокадите и контролните пунктови се отстранети, пишува The Guardian.

„Антитерористичкиот режим“ прогласен од московските власти значеше ограничување на слободите и зголемена безбедност.

Водачите на државните телевизии го опишаа договорот со кој се стави крај на кризата како доказ за мудроста на рускиот претседател Владимир Путин и емитуваа снимки од трупите на Вагнер кои се повлекуваат од Ростов на Дон во јужна Русија.

Жителите на тој град, кои беа интервјуирани од руската државна телевизија, му се заблагодарија на Владимир Путин за смирувањето на кризата.

Детал што го забележал рускиот дописник на BBCСтив Розенберг, беше автомобил со бел знак на задниот прозорец: „Што по ѓаволите се случува“. Во описот на објавата новинарот напиша дека ни самиот не можел подобро да ја опише ситуацијата отколку тоа што го прави оваа фотографија.