ФОТО | ОВАА УБАВИЦА ЈА ОСВОИ ТИТУЛАТА НАЈУБАВА ДЕВОЈКА ВО СВЕТОТ – Погледнете како изгледа новата“МИС Универзум“ за 2023 година

Во саботата вечерта, на 18. ноември, во Сан Салвадор се одржа натпреварот за „МИС Универзум“ за 2023 година, а победата ја освои прекрасната Шинице Паласиос од Никарагва. 

Шинице Паласиос

На ова престижно натпреварување учествуваа 84 земји, а како прва придружничка заврши Тајланѓанката Антонија Порсилд, додека второто место и припадна на Мораја Вилсон од Австралија. Најдобрите пет ги заокружија претставничките од Колумбија Камила Авела и Карла Гилфу од Порторико.

Во последниот круг, убавиците беа прашани во чиј живот би сакале да поминат еден ден, а Шинице Паласиос ја избра британската филозофка и феминистка од 18 век Мери Волстенкрафт, велејќи дека таа ги поместила границите и им дала шанса на многу жени.

Шинице Паласиос има 23 години и студира масовна комуникација на Централноамериканскиот универзитет во Манагва. Таа била член и на одбојкарскиот тим на Универзитетот, но со години е посветена на нејзината манекенска кариера.