ФОТО | “ОВА Е ВИСТИНСКА ВОЈНА!“ – Најголемата операција во последните 20 години: Израел го нападна Џенин со дронови – стотици војници во акција!

Израелските сили го нападнаа градот Џенин со беспилотни летала во понеделникот во една од најголемите операции на Западниот Брег во последните 20 години, при што загинаа најмалку осум Палестинци и беа вклучени стотици војници во престрелката што продолжи до вечерта.

Истрели и експлозии можеле да се слушнат во текот на денот, додека судирите продолжиле меѓу израелската Армија и борците од бригадите Џенин, единица составена од милитантни групи во пренаселениот бегалски камп во градот.

слика

Она што се случува во бегалскиот камп е вистинска војна“, изјавил еден палестински возач на итна помош за тамошните медиуми и додал: „Воздушните напади го таргетираат кампот, секогаш кога возиме, пет до седум амбулантни возила се враќаат полни со повредени луѓе“.

Во текот на утрото, најмалку шест беспилотни летала можело да се видат како кружат над градот и неговиот камп, густо населена област во која се сместени повеќе од 14.000 бегалци на помалку од половина квадратен километар.

Кампот е фокусна точка на ескалацијата на насилството на Западниот Брег, што предизвика зголемена тревога од Вашингтон во арапскиот свет, без да го отвори патот за политичките разговори кои се во застој речиси една деценија.

Речиси повеќе од една година, воените упади во градовите како Џенин станаа рутина, со серија смртоносни палестински напади против Израелците, како и агресивни напади на еврејските доселеници врз палестинските села.

Министерството за здравство на Палестина потврди дека најмалку осум лица се убиени, а повеќе од 50 се ранети во Џенин, додека уште еден маж е убиен во текот на ноќта во Рамала, кој бил застрелан во главата додека поминувал контролен пункт.

слика

Израелската Армија објави дека нејзините сили погодиле зграда која служела како команден центар на борците од бригадите Џенин, гаѓајќи ги со „прецизни“ удари со беспилотни летала кои носеле мали експлозивни полнења. Армијата ја опиша операцијата како антитерористички напор чија цел е уништување на инфраструктурата и спречување на милитантите да го користат бегалскиот камп како база.

Додека операцијата била во тек, израелски оклопни булдожери орале низ патиштата во кампот за да откопаат скриени импровизирани експлозивни направи, прекинувајќи го снабдувањето со вода и електрична енергија, соопштија властите од Џенин.

Ништо не е безбедно во кампот. Ги ископаа патиштата со булдожери. Зошто ? Што правете со кампот ?“, изјавил Хусеин Зејдан (67 г.) додека се лекувал од раните во болница.

Во Вашингтон, Стејт департментот соопшти дека внимателно ја следи ситуацијата во Џенин. Портпаролот на Стејт департментот изјави дека е неопходно да се преземат сите можни мерки на претпазливост за да се спречи загуба на цивилни животи.

Портпаролот на израелската Армија изјави дека операцијата ќе трае онолку колку што е потребно и посочи дека силите би можеле да останат подолг период – „Може да потрае часови, но може да потрае денови. Ние сме фокусирани на нашите цели“.