ФОТО | ОВА Е МАСОВНИОТ УБИЕЦ ОД ПРАГА – Студент на самиот Универзитетот е авторот на големиот масакар што ја потресе Чешка

Според чешките медиуми, полицијата го идентификувала напаѓачот кој уби десет лица во строгиот центар на Прага.

Станува збор за Давид Козак, студент на Универзитетот каде што се и случи масакарот, јавуваат чешките медиуми.

Пред пукањето во Прага, полицијата распишала потрага по Давид Козак, кој бил поврзан со случај за убиството во селото Кладенско. Подоцна се покажало дека бараниот осомничен е напаѓачот од Универзитетот во Прага.

Давид Козак, Прага, напаѓач
Давид Козак

Момчето, кој бил студент, потоа отишол во Универзитетот, каде со снајперска пушка уби најмалку десет луѓе, а ранил 30.

Според полицијата, напаѓачот е убиен, а мотивот за пукањето се уште не е познат, пренесуваат чешките медиуми.

Според друга верзија, како што пишуваат чешките медиуми, тој паднал од зградата и починал, според непотврдени информации од очевидци.