ФОТО | “ОВА Е НАЈЛОШИОТ МОМЕНТ ВО МОЈАТА КАРИЕРА!“ – Нејмар целосно скршен: Фудбалерот објави трогателна порака на социјалните мрежи и ги загрижи фановите ширум светот

Бразилската суперѕвезда Нејмар заработи тешка повреда на натпреварот против Уругвај во квалификациите за Светското првенство.

За жал, неговиот клуб Ал Хилал синоќа соопшти дека Бразилецот ги скинал предните вкрстени лигаменти, а притоа го повредил и менискусот на коленото.

Нејмар

Синоќа преку социјалните мрежи се огласи Нејмар и истакна дека ова е најлошиот момент во неговата кариера.

Ова е многу тажен момент, најлошиот момент во мојата кариера. Знам дека сум силен, но овој пат ќе ми треба уште поголема поддршка од семејството и пријателите. Не е лесно да се преживее повреда и операција. Замислете, за четири месеци, повторно да се соочите со сето тоа. Верувам, ова е премногу… Но, ја ставам мојата сила во рацете на Господа, за да ја вратам мојата. Ви благодарам за пораките за поддршка и љубов“, напиша славниот Бразилец во објава на социјалната мрежа Инстаграм.

На Инстаграм се огласи и Лионел Меси кој испрати порака за поддршка на својот поранешен соиграч.

Ти посакувам многу сила“, напиша Лионел Меси приложувајќи заедничка фотографија со Бразилецот.