ФОТО | Ова е новиот генерал на руската Армија во Украина – Владимир Путин пред време го испратил во пензија искусниот Валериј Герасимов поради бунтот на Вагнер !?

Весникот Daily Mail објави, повикувајќи се на руски медиуми, дека нов командант на руските трупи во Украина е генерал-полковник Михаил Теплински.

Михаил Теплински
Михаил Теплински

Се вели дека рускиот претседател Владимир Путин го отпуштил генералот Валериј Герасимов од таа функција, шест месеци откако тој ја презеде функцијата прв човек на воените операции.

Daily Mail пишува дека одлуката на Владимир Путин се уште не е официјално објавена и потврдена од Кремљ.

Весникот наведува дека веста за смената на Валериј Герасимов и назначувањето на нов командант на руските трупи кои се борат во Украина доаѓа додека Владимир Путин, кој сè уште се обидува да се опорави од минатомесечниот бунт на Евгениј Пригожин, бил бесен поради тоа што Володимир Зеленски ги донел дома командантите на баталјонот Азов од Турција.

Се наведува дека во досегашните 17 месеци војна во Украина, Владимир Путин сменил неколку команданти, меѓу кои и генерал-полковник Михаил Мизинцев, познат и како „Касапот од Мариупол“, како и генералот Рустам Мурадов, за кој весникот тврди дека бил зад масакрот во Вуледар на почетокот на годинава.

Daily Mail наведува дека Moscow Times повикувајќи се на руските канали поврзани со руската Армија, објавил дека Валериј Герасимов ќе остане началник на Генералштабот, но дека Михаил Теплински ќе го преземе раководството на воените операции во Украина.

Се вели дека Михаил Теплински е одговорен на воздухопловните сили на руската Армија.

Daily Mail наведува дека смената на Валериј Герасимов се поклопува и со самитот на НАТО што следната недела се одржува во Литванија, а на кој се очекува продлабочување на западната поддршка за Украина.

Медиумската агенција Reutres пишува дека НАТО го претвори литванскиот главен град Вилнус во тврдина заштитена со напредно оружје наменето за безбедноста на американскиот претседател Џо Бајден и другите лидери на земјите-членки на НАТО