ФОТО | Ова не сте го знаеле – погледнете како изгледа првиот дечко на Џорџина Родригез: Неспоредливо е позгоден од Кристијано Роналдо, но и 1.000 пати посиромашен
Џорџина Родригез долги години е во среќна љубовна врска со Кристијано Роналдо.
Скоро сите ја знаат нејзината приказна, која многумина ја споредуваат со „Пепелашка“, односно за средба со Кристијано Роналдо во бутикот каде што работела. Од таа 2017 година, таа исто така се најде во центарот на вниманието на јавноста, а со својата убавина почна да гради сопствена кариера во забавната индустрија.
Но, малку се знае за нејзиниот живот пред кобната 2017 година. Неодамна шпанскиот фотограф Хавиер Ернандез Пинеиро зборуваше за своите романси, а многумина беа шокирани од откритието дека токму Џорџина Родригез била неговата прва љубов, а воедно тој и бил прв дечко на неа.
Популарниот Хавиер Ернандез Пинеиро се појави во едно шпанско ток-шоу, каде ги откри деталите од врската со Џорџина Родригез. Двајцата биле во врска во тинејџерските години.
Кој е првото момче на Џорџина ? Хавиер Ернандез Пинеиро има 28 години и е роден во шпанскиот град Толедо. Сепак, поголемиот дел од својата младост го поминал во гратчето Хака на северот на Шпанија, а токму таму ја запознал и Џеорџина Родригез.
На 18-годишна возраст почнал да студира ветеринарна медицина на Универзитетот во Сарагоса. Меѓутоа, по завршувањето на студиите, решил да се занимава со фотографија. Тој патува низ светот и фотографира природа, а сака и авантуристички спортови. Живее од продажба на фотографии, а се занимава и со хуманитарна работа, бидејќи направил и изложба чии приходи биле наменети за загрозените деца во Индија. Сепак, неговата заработка е далеку од онаа што Кристијано Роналдо ја заработува како фудбалер и преку спонзорства. Иако за многумина тој е далеку позгоден од познатиот фудбалер.
Хавиер Ернандез Пинеиро и Џеорџина Родригез не биле во контакт долго време, но се шпекулира дека таа е во контакт со неговата сестра Ивана.