ФОТО | Она што прво ќе го видите на оваа фотографија открива каков љубовен живот имате! Некои се вознемирени, други нон-стоп се во конфликт, а какви сте вие ?
Дознајте каква врска имате преку психолошки тест кој ги истражува несвесните и потсвесните аспекти на човечката психа користејќи визуелни цртежи! Првото нешто што ќе го забележите на фотографијата ќе открие многу за вас.
ВРЗАН ЧОВЕК
Ако на прв поглед забележавте маж врзан меѓу две дрвја, најголемата слабост во вашите врски е делот од вашата личност кој постојано е на работ да започне конфликт. Ова не значи дека сте во постојан или буквален конфликт со вашата околина. Вие всушност водите битка во себе, а за да најдете вечна љубов и мир со друга личност, мора да најдете љубов во себе. Затоа што ако не се сакаме себеси, како ќе ги сакате другите ? Се борите да се прифатите себеси и вашите силни и слаби страни.
ОГРАДА
Ако прво ја забележавте оградата, имате тенденција да се затворите од остатокот од светот. Не сте подготвени да ризикувате и да го отворите срцето на момент. На овој начин ја пропуштате можноста за вистинска љубов. Природно е да сакате да се заштитите, особено ако имате претходни лоши искуства. Ако не ризикуваш, не профитираш…
ЧАМЕЦ
Ако сте забележале чамец и гнездо полно со јајца – тоа значи дека вашите стандарди се високи и дека ретко кој, речиси никој, не може да ги исполни. Желбата за совршенство води до осаменост.
ЧЕРЕП
Ако на прв поглед сте го забележале черепот, склони сте кон вознемирени мисли и грижи на сите можни полиња. Пожелна е умерена доза на претпазливост, а непожелна е прекумерна претпазливост.