ФОТО | ОТКРИЕНА ДВОЈНАТА ИГРА НА ВИКТОР ОРБАН – Се фали дека ја брани Европа од мигранти, но овие докази целосно ја разоткриваат неговата игра
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, постојано тврди дека ја брани Европа од бранот мигранти.
Сепак, остатоци од храна и шишиња вода оставени околу изгорен камперски оган на границата со соседна Словачка сугерираат дека неговото фалење со унгарскиот модел како единствен „успешен модел“ не е сосема оправдано.
Повеќето соседни земји на ЕУ повторно воспоставија гранични контроли со Унгарија, бидејќи бројот на мигранти кои минуваат низ земјата нагло се зголеми.
За оваа исклучителна мерка се одлучија Словачка и Словенија во последните 10 дена.
Само во септември словачките власти регистрирале 13 илјади мигранти, повеќе отколку во цела 2022 година.
Во унгарското погранично село Хонту, комуналната службеничка Викторија Теконос за AFP изјавила дека локалните жители се држат настрана од мигрантите, иако тие брзаат кон границата штом шверцерите ќе ги симнат.
„Некои луѓе повеќе не поминуваат време во близина на реката или во шумата бидејќи се плашат да не сретнат мигранти“, објаснува таа.
„Сепак, повеќето од нив сакаат да продолжат во Германија бидејќи нивното семејство и пријателите се веќе таму“, вели Катарина Левчикова од словачкото хуманитарно здружение „Марина“.
Некои словачки политичари, вклучително и унгарското национално малцинство, ја обвинија Будимпешта дека намерно им дозволува на мигрантите да ја преминат границата.
На почетокот на оваа година, Унгарија го навлече гневот на Австрија и огорченоста на Европската комисија кога властите одлучија да ги ослободат осудените шверцери кои не се нивни државјани за да заштедат пари.
Повеќе од 1.500 досега се ослободени со обврска да ја напуштат земјата во рок од три дена, според најновите податоци од Унгарскиот национален затворски систем, со кои располага AFP.
Од ЕУ никој не проверува дали навистина шверцерите ја напуштиле државата во дадениот рок.
Сепак, Виктор Орбан не престанува да се чука во гради за наводната строгост на границата, сè уште алудирајќи на жилетната жица подигната на јужната граница на земјата во екот на мигрантската криза во 2015 година, што го направи речиси невозможно бегалците да бараат азил.
Само десет лица добија статус на бегалци во Унгарија минатата година, поради што Будимпешта доби опомена од највисокиот суд на ЕУ.
„Подигнавме и физичка и правна ограда за да ја задржиме терористичката закана, која миграцијата нужно ја носи со себе, подалеку од Унгарија“, порача Виктор Орбан неодамна во радио обраќање.
Критичарите го обвинуваат дека игра двојна игра дозволувајќи минување низ неговата земја додека ја обвинуваат ЕУ дека не ја контролира миграцијата.
Германија се најде под голем притисок со 250.000 барања за азил во првите осум месеци од оваа година, повеќе отколку во целата минатата година.
„Во интерес на Владата е да им олесни на барателите на азил да минуваат низ Унгарија“, вели Рудолф Беркеш, аналитичар од тинк-тенкот „Политички капитал“ во Будимпешта.
„Имено, тој може да ги користи како алатка во преговорите со ЕУ“, заклучува Рудолф Беркеш.