ФОТО | Памела Андерсон објави фотографија без грам шминка на лицето: Ова е доказ дека славната актерка и на 56 години изгледа како божица

Американската актерка и една од најпосакуваните жени на планетата, Памела Андерсон, ги воодушеви своите обожаватели со својот младешки изглед и лице без шминка. 

На фотографијата таа позираше во својата куќа на брегот на океанот, а истата ја објави на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм и истата можете да ја погледнете ОВДЕ.

Со чисто лице на фотографијата позира 56-годишната Памела Андерсон, која неодамна откри дека целосно се откажала од шминката и дека тоа за неа е многу ослободувачко чувство, а природната убавина доаѓа до израз.