ФОТО | ПОВЕЌЕ ОД 10.000 МРТВИ !? Објавени сателитски снимки кои го покажуваат степенот на уништувањето во Либија од поплавата: “Градот е целосно под вода…“
Во страшните поплави во Либија, кои најмногу го зафатија градот Дерна, во близина на кој пукнаа две брани, загинаа илјадници луѓе, а околу 10.000 од нив се сметаат за исчезнати.
Сателитските снимки од градот кој денес беа објавени покажуваат колку беше разорна поплавата оваа земја.
Степенот на уништувањето е особено видлив кога ќе ги споредите фотографиите од градот направени пред поплавите со оние по поплавите, кои јасно покажуваат дека големи делови од Дерна едноставно биле уништени.
Бројот на загинати во поплавите во источниот либиски град Дерна се искачи на 5.300, соопшти во вторник портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Владата на истокот на Либија.
„Спасувачите се уште трагаат по телата на загинатите во поплавите“, изјави портпаролот на Владата на истокот на Либија, Тарек ал-Хараз.
Тарек ал-Хараз вели дека четвртина од градот е уништена или однесена во морето.
Дерна беше најтешко погодена од поплави по силното невреме во источна Либија. За време на невремето се урнаа две брани.
Две Влади се борат за власт во Либија. Едната е на исток, а другата е со седиште во Триполи на западниот дел на земјата.