ФОТО | Погледнете ја луксузната палата што Лионел Меси ја купи за 10,8 милиони долари во Флорида

Лионел Меси добро се снајде во МЛС лигата, а очигледно му се допаѓа животот во САД. Имено, аргентинскиот напаѓач купил вила со поглед на морето во областа Форт Лодердејл на Флорида за 10,8 милиони долари.

Имотот се наоѓа покрај океанот и е со големина од околу 1.600 квадратни метри. Има две лежишта за јахти од 51 метри, како и базен на океанот, теретана, спа и кујна со италијански дизајн.

Погледнете ја фотогалеријата од имотот на Лионел Меси ОВДЕ.

Самата вила има 976 квадратни метри станбена површина и има осум спални соби. Додека станот во кој ќе живеат Лионел Меси и неговата сопруга Антонела е 149 метри квадратни.

Вилата е оддалечена 15 минути од стадионот на Интер Мајами, а интересно е што Серхио Бускетс ја купил својата вила во близина на Лионел Меси. Неговата вила е нешто поевтина, 8,7 милиони долари. Покрај оваа вила, Лионел Меси веќе купи и три луксузни апартмани на Флорида.

Инаку, претходните сопственици на оваа вила ја купиле во март минатата година за 9 милиони долари. За 16 месеци заработиле 20% од платеното.