Александар Трајковски потпишува за Хајдук Сплит: Македонскиот јунак од Палермо заминува во Хрватска !?

БОМБА ОД ИТАЛИЈА – Александар Трајковски наскоро би можел да стане нов играч на Хајдук Сплит. Ако им се верува на италијанските спортски весници Calciomercato и TuttoMercato, 31-годишниот македонски репрезентативец наскоро би требало да направи докторски преглед и да потпише договор со хрватскиот клуб.

Очигледно за неговите перформанси бил заинтересиран и Динамо Загреб, но Македонецот сепак избрал да замине во Хајдук Сплит. Во Хајдук Сплит треба да пристигне како слободен играч бидејќи летото му истече договорот со саудискиот Ал-Фајха.

Александар Трајковски замина во белгиски Варегем, а подоцна играше за Мехелен, Палермо, Мајорка, Алборг и Ал-Фајха. Најдобрите натпревари ги одигра во Палермо, за кој одигра 113 натпревари и постигна 20 гола и забележа 16 асистенции. За Македонија настапи 71 пат и постигна 19 голови.

За потсетување, македонската репрезентација со неговиот гол ја совлада Италија во квалификациите и со тоа ја остави без Мундијалот во Катар