ФОТО | Пожарот во атарот на штипското село Пиперово се шири кон свињарска фарма: “Очекуваме да пристигне помош од воздух“
Штипските пожарникари во моментов од огнените јазици спасуваат свињарска фарма, која се наоѓа меѓу регионалниот пат Штип-Радовиш кај местото викано „20-ти километар“ и селото Пиперово. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека сите сили се насочени кон спасување на фармата.
„На терен сме 15 пожарникари со четири противпожарни возила. Очекуваме наскоро да пристигне и помош од воздух“, вели Дарко Коцев.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов претходно изјави дека во атарот на штипското село Пиперово гори зимзелена шума, а се активира и поддршка од воздух.
Ова е втор пожар во овој атар, а според Стојанче Ангелов олеснително за поддршката од воздух е што во близина е и вештачкото езеро Мантово