Пожарот од депонијата Трештане скала е веќе излезен надвор од контрола и е проширен на околните ридови. Се спушта во атарот кон село Софилари.

Во моментов пожарникарите на неколку места не дозволуваат пожарот да се приошири на остантите околни ридови. Друга група пожарникари не дозволува пожарот да влезе во нива со жито.
Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов за МИА вели дека веќе контактирал со диеркторот на ЦУК Стојанче Ангелов во случај да им е потребна и помош од ЦУК, како и гаснење на пожарот од воздух.

Јорданов е во контакт со надлежните од соседните општини и од Брегалничкиот регион за да испратат свои екипи од противпожарните единици и да им помогнат на штипските пожарникари кои во моментов сите се на терен.
Повеќе информации се очекуваат од изјава на Дарко Коцев, командир на ППЕ – Штип.