ФОТО | Познатата и контраверзна манекенка се појави во смело издание во кое ретко ја гледаме: Хејли Бибер ги покажа долгите нозе во суперкраток фустан и ги остави обожавателите без зборови

Проблематичната манекенка Хејли Бибер била соблечена од нозете додека била со своите пријатели во Санта Моника, а нејзините секси фотографии не останаа незабележани од светските магазини и предизвикаа бура од реакции од нејзините многубројни обожаватели.

слика
Хејли Бибер
слика
Хејли Бибер

26-годишната манекенка се упатила до ресторанот „Giorgio Baldi“ во тесно црно мини здолниште кое ги покажува нејзините долги нозе. Црниот краток фустан без прерамки го усогласила со сјајна чанта од вештачка кожа која ја носела под раката. Сопругата на Џастин Бибер го држела мобилниот до увото и чекорела по тротоарот со чевли на високи потпетици кои дополнително го привлекоа вниманието на нејзините атрактивни, долги нозе.

слика
Хејли Бибер