ФОТО | ПОЛИЦИЈАТА ВО ХАМБУРГ ОБЈАВИ КРАЈ НА ЗАЛОЖНИЧКАТА ДРАМА – Повеќе од 18 часа аеродромот беше под целосна опсада: “Излезе од автомобилот и се предаде со својата ќерка…“

Хамбуршката полиција објави крај на заложничката драма на аеродромот во тој германски град, откако маж (35 г.) кој од синоќа ја држеше својата ќерка (4 г.) во автомобилот со кој излетал на пистата, се предал.

Осомничениот излегол од автомобилот со ќерката. Тој не дал отпор при апсењето. Детето изгледа неповредено“, изјавила портпаролката на полицијата Сандра Левгрин.

Хамбург, аеродром

Драмата почнала во 20 часот и 24 минути, кога маж со автомобил Audi влетал на пистата пред авионот, пукал во воздух и фрлил два молотови коктели, додека ја држел ќерка си во возилото.

Полицијата околу 23 часот воспоставила контакт со осомничениот.

Хамбург, аеродром

Локалниот весник Hamburger Morgen Post утринава објави дека преговорите на барање на човекот се водат на турски јазик со помош на преведувач, а други медиуми објавија дека таткото сака да лета во таа земја со својата ќерка.

Полициски хеликоптери го прелетале аеродромот и ја проверувале ситуацијата, а киднаперот во еден момент го оддалечил автомобилот на неколку метри.

Претходно имаше и наводи дека мажот имал експлозив со себе.