ФОТО | Поранешната холивудска секс-бомба видена на улица во непрепознатливо светло: Се обидела да си го покрие лицето со рака пред папараците
Американската актерка Хедер Локлир, позната по улогата на Аманда Вудворд во серијата „Melrose Place“, ја изненади јавноста кога низ улиците на Калифорнија прошета во црно издание со чанта од брендот „Louis Vuitton“ вредна 2.544 долари.
Излегувајќи од зграда ги забележала папараците и се обидела да си го покрие лицето со рака, но тие сепак биле побрзи. Нејзиното лице изгледало малку надуено, но актерката не ја тргнала насмевката од лицето.
Инаку, ѕвездата на „Melrose Place“ има проблематично минато со алкохолот. Сето тоа кулминираше кога таа го урна своето Porsche додека беше во алкохолизирана состојба пред да биде осудена за 9 прекршоци и испратена на рехабилитација по судска одлука во август 2019 година.
Минатиот месец беше откриено дека таа повторно пие, а извор близок на актерката за Daily Mail изјави дека нејзиното семејство е многу загрижено за неа. Во јуни протекоа фотографии од разбушавена Хедер Локлир како чекори во деловна зграда пред да седне и да разговара со сама со себе повеќе од еден час. На крајот ја собрал маж за кој се верува дека е нејзиниот вереник Крис Хајсер, исто така 61, кој не е непознат за проблемите со алкохолот.