БАРСЕЛОНА ГО РЕШИ ЕДНО ОД НАЈВАЖНИТЕ ПРАШАЊА – Чави потпиша нов договор, еве колку останува на клупата на “Каталонците“

Актуелниот шпански фудбалски шампион Барселона го продолжи договорот со својот легендарен играч и сега тренер Чави (43 г.) до летото 2025 година.

Доколку биде успешна понатамошната соработка, постои опција да се активира уште една сезона во договорот.

Чави на клупата на Барселона пристигна на крајот на 2021 година и на 96 натпревари забележа 61 победа, 16 нерешени и 19 порази.

Минатата сезона Чави ја предводеше Барселона до првата лигашка титула по четири години и го освои и Суперкупот.

Чави во текот на својата играчка кариера 17 години го носеше дресот на Барселона, со кој освои 25 трофеи, одиграјќи вкупно 767 натпревари.