ФОТО | По овие фотографии, жолтата боја веднаш ќе ви стане омилена: Сензационално секси изданието на Емили Ратајковски открива речиси се – погледнете!
Пред, но и по ревијата на колекцијата PrettyLittleThing создадена во соработка со познатата убавица Наоми Кембел, следуваше второто бекстејџ шоу создадено сосема спонтано.
Ѕвездите кои присуствуваа на овој настан во Њујорк по неговото завршување отидоа во престижниот ресторан „Cipriani“, а по пат застанале пред фотографските објективи. Најголемо внимание привлече волшебното издание на згодната Емили Ратајковски.
Во многу интересен полупроѕирен жолт краток фустан со длабоко деколте кој не дозволуваше носење градник бидејќи ќе го расипе целиот стајлинг, 32-годишната убавица ја покажа исончаната кожа и секако одличната физичка форма.
Но, таа не беше единствената што го отфрли градникот таа вечер. Веќе на самото шоу, секогаш сензационалната Наоми Кембел прошета без него во прекрасен долг црн фустан .