ФОТО | “ПРАСЕНЦЕ, СЕКОГАШ МИ ОДЕШЕ ПО НЕРВИ!“ – Северина објави порака од нејзин (не)обожавател и ги насмеа сите – погледнете
Едно од најголемите музички имиња на Балканот, Северина Вучковиќ (51 г.), на социјалната мрежа Инстаграм објави порака која ја добила од обожавател.
„Прасенце мало, секогаш ми ги одеше по нервите, но не знам зошто. Откако го следам Суперстар, те засакав, но не поради твоите песни или глас кои не ми се допаѓаат, туку поради твојата личност“, стои во пораката која продолжува: „Толку си прекрасна, нежна, плашлива, мила, а сега си и убава за мене. Севе, искрено! Знам дека не го читаш ова, дека други ти ја водат страницата, но кому му е гајле, твој проблем. Ти си закон!“.
Северина стави до знаење дека убаво се изнасмеа на коментарот и и порача:
„Ти благодарам! Сакам што се сакаме!“.