ФОТО | Прво појавување на Бритни Спирс во јавноста по објавувањето на скандалозните мемоари: Друштво и прави “мистериозно“ момче, а еве кој е тој
Пејачката Бритни Спирс за првпат е видена во јавноста по објавувањето на нејзините шокантни, а за многумина и скандалозни мемоари – „The woman in me“.
Таа е уловена како шета низ Холивуд, придружувана од Кејд Хадсон – агент и долгогодишен пријател, со кој поминува се повеќе време од пропаѓањето на нејзиниот брак. Тие работат заедно со години.
Во екот на движењето #FreeBritney, Кејд Хадсон беше критикуван од многумина поради тоа што молчи и јавно не се залага за пејачката.
„Не сум се огласил на оваа тема дванаесет и пол години, а тоа е многу. По илјадници смртни закани, шишиња со вода фрлени врз мојата глава од страна на обожавателите велејќи дека ѝ го перам мозокот на Бритни Спирс, ќе проговорам“, изјави тој неодамна.
„Ја обвинија како млада мајка, ѝ бутнаа 100 камери пред нос и чекаа да направи некој погрешен чекор, зарем немаше вечен старател ? Ова е кршење на основните човекови права. Молчев затоа што се плашев дека ќе ја загубам работата, кариерата за која давав се 15 години, поради закани од човек кој сите добро го познаваме, а не сакам ни да му го спомнам името… Доста е“, заклучи тој неодамна.