ФОТО | Прегратката на Лионел Меси и ЛеБрон Џејмс за која зборува целиот свет: НБА ѕвездата остана без зборови по спектакуларниот гол на Аргентинецот за победа: “Добредојде брат!“
Со спектакуларен гол од слободен удар, Лионел Меси му донесе победа на Интер Мајами против мексиканскиот Круз Азул.
Интер Мајами го совлада Круз Азул со резултат од 2:1 во натпреварот од Лига Купот на Северна и Централна Америка, а херој на триумфот беше неповторливиот Аргентинец.
Дебито на Лионел Меси во дресот на новиот клуб го следеа многу познати личности, а на трибините меѓу другите беше и познатиот кошаркар ЛеБрон Џејмс.
Пред почетокот на натпреварот дојде до емотивна средба меѓу двете легенди, а по неа на социјалната мрежа Инстаграм се огласи и НБА ѕвездата.
„Добредојде брат! Секогаш е убаво да те гледам и да сум во присуство на ваква величина“, напиша ЛеБрон Џејмс во описот на фотографијата на социјалната мрежа Инстаграм.