Вицепремиерот Артан Груби се огласи со извинување по објавите за запаленото возило во Чаир: “Континуираните закани и последователни напади ги сметам за кукавички и подмолни“

Им се извинувам на сите мои соседи во мојата населба за големото вознемирување синоќа пред нашата зграда само поради мојата професија. Исто така, му се извинувам на мојот пријател и неговото семејство за предизвиканата штета само поради мојата професија“, напиша првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи со заедниците, Артан Груби на неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук, откако беше објавено дека ноќеска е опожарено возило во Чаир.

Артан Груби наведува дека – „е во политиката за да служи и да остави трага со работа и дела, а не да му се тероризира семејството, соседите и пријателите“.

Континуираните закани и последователни напади ги сметам за кукавички и подмолни, но немам намера да запрам и да престанам да работам и да ги исполнувам очекувањата на граѓаните. Се извинувам што мојата и вознемирувањето на моето семејство се претвори и во грижа и вознемиреност и на соседите и на пријателите. Се извинувам што мојата и вознемирувањето на моето семејство се претвори и во грижа и вознемиреност и на соседите и на пријателите. Изразувам благодарност до сите мои соседи како и до безбедносните сили и нивните напори да го решат синоќешниот напад. Ви благодариме и на сите вас за големата поддршка!“, стои во објавата на Артан Груби

Претходно, дел од медиумите објавија дека ноќеска бил опожарен автомобил на Артан Груби, а од Министерството за внатрешни работи на прашање од МИА информираа дека има пријава за опожарено возило, но во сопственост на Б.Л. од Скопје.

Околу 03.30 часот пријавено е дека на ул. ‘Струмичка‘ настанал пожар во патничко возило ‘Audi‘ со скопски регистарски ознаки, сопственост и паркирано од Б.Л. (35 г.) од Скопје“, информираа од МВР.